
Политика за приватност
1.Прибирање на лични податоци
На овој сајт, ParkNOW! прибира лични информации, како што се Вашата е-мејл адреса, име, домашна или службена адреса, телефонски број, регистарски број на возила.
Доколку изберете да се претплатите за услуги кои се плаќаат (ParkNOW! Систем за м-паркирање) ние ќе проследиме дополнителни лични податоци, вклучувајќи го и Вашиот број на кредитна картичка и адреса на која ќе Ви се испраќаат фактурите за плаќање, со цел да се креира профил за м-паркинг.
Некстсенс, обезбедувачот на услуги на ParkNOW! може да прибира информации за Вашата посета на сајтот, вклучувајќи страни кои сте ги посетиле, линкови кои сте ги кликнале и други активности во рамки на ParkNOW!. Ние исто така собираме определени стандардни податоци кои Вашиот пребарувач ги испраќа на секој сајт што го посетува, како што се Вашата IP адреса, тип на пребарувач, и јазик, број на пристапи и поврзани адреси на веб страници.
2.Употреба на Ваши лични податоци
Некстсенс прибира и користи Ваши лични податоци за да управува со системот ParkNOW! и ги спроведува услугите кои ги побарувате.
Некстсенс прибира и користи Ваши лични податоци за да управува со системот ParkNOW!, во име на Некстсенс и да ги испорача услугите кои Вие сте ги нарачале. Овие услуги можат да вклучат преглед на типична содржина и рекламирање врз основа на информациите кои ги прибира ParkNOW!
Некстсенс може исто така да ги употреби Вашите лични податоци за да Ве информира за други производи или услуги достапни по специјална промоција. ParkNOW! може исто така да Ви испраќа и анкети за тековни услуги, или потенцијални нови услуги кои ги нудиме. Некстенс не продава, изнајмува или издава свои клиентски листи на трети лица.
Повремено изнајмуваме услуги од други компании за да обезбедат делумни услуги за нас, како што е обработка и испорака на пошта, обезбедување помош за купувачи, процесирање на трансакции, или изведување на статистички анализи на нашите услуги. Во таков случај на овие компании ќе им доставиме само оние лични информации неопходни за испорака на нивните услуги. Од нив исто така се бара да ја почитуваат доверливоста на Вашите податоци, и забрането им е да ги користат тие податоци за каква било друга намена.
Некстсенс може да пристапи /или открие Ваши лични податоци доколку тоа се бара од надлежните органи односно доколку таков чекор е неопходен поради: (a) почитување на регулативи од законот или усогласување со правната процедура во служба на Некстсенсе или на сајтот; (b) заштита и одбрана на права на сопственост на Некстсенс, вклучувајќи ги сродните страници на ParkNOW!или (c) дејствување во итни ситуации за заштита на личната безбедност на корисници на услуги на ParkNOW! или јавноста.
3.Контролирајте ги Вашите лични податоци
Некстсенс им нуди на клиентите избор за прибирање, користење и оставање на лични податоци. Вие може да изберете да не добивате маркетинг материјали од Некстсенс или трети деловни партнери.
Исто така, можете да ја прекинете испораката на промотивни материјали во иднина од Некстсенс, со тоа што ќе следите конкретни инструкции во е-мејлот кој го добивате. Инструкциите објаснуваат како да не ги добивате ваквите мејлови понатаму.
Некстсенс испраќа и периодични е-мејли со кои Ве информира за теми од техничка природа, анкети за производи, најави за нови карактеристики и вести во врска со ParkNOW! и други услуги. Нема да можете да се откажете од овие услуги, бидејќи се сметаат за дел од услугата што сте ја избрале.
4.Безбедност на Вашите лични податоци
Некстсенс е посветен на заштита на безбедноста на Вашите лични податоци. Ние користиме палета од безбедносни технологии и процедури со кои Вашите податоци се обезбедени од неовластен пристап и употреба. На пример, ние ги чуваме личните податоци кои ги оставате на компјутерски системи со ограничен пристап, кои се лоцирани во контролирани објекти. Кога испраќаме строго доверливи податоци, како што се податоци од кредитна картичка, преку интернет, ги заштитуваме така што ги кодираме, како на пример со протоколот Secure Socket Layer (SSL).

