Ве молиме внесете го Вашето име за најава: Лозинка:   

22.12.2008 Македонија избра софтвер за м-паркирање

По внимателна евалуација на повеќе светски водечки решенија, локалната ИТ-компанија NextSense го избра системот за наплата на мобилно паркирање ParkNOW! за имплементација во 2009 година. Системот го застапува компаниjата за дигитални дозволи и наплата со мобилен телефон NOW! Innovations од Естонија. NextSense е претставник на NOW! Innovations во Македонија, Албанија и Косово.

24.08.2009 Започнува зонското паркирање во Скопје

Почеток на првата фаза од имплементацијата на системот за зонско и м-паркирање ParkNOW! во главниот град. Централното Градско Подрачје се групира во три зони А (црвена), B (жолта) и C (зелена) зона. Првата фаза опфаќа три паркинг простори; два во зона А (паркинг просторот на ул.„Даме Груев“ пред Полициската станица Беко и паркинг просторот на истата улица позади Собранието на РМ) и еден во зона В (паркинг просторот позади Хотел „Бристол“).

22.10.2009 Крај на едукативниот период

Почитувани корисници, од денес завршува едукативниот период на зонското паркирање, со што започнува издавањето на доплатни карти за оние кои нема да извршат наплата преку мобилен телефон или греб-картичка. Се молат возачите регуларно да си ја извршат наплатата и информирајте се за начинот на наплата (преку мобилен телефон) на инфо таблите поставени на секои 10-15m на паркинг просторите. Ве молиме внимавајте при пишување на пораката точно да ги внесете зоната и регистарската табличка!